ММФ: Македонија со најнизок раст во регионот, највисок дефицит и јавен долг

Bez autora
Apr 17 2024

Најнизок раст во регионот, висок буџетски дефицит и голем јавен долг. По Извештајот на Светска банка минатат недела, денеска и ММФ од Вашингтон со загрижувачки прогнози за македонската економија.

Годинава растот ќе изнесува само 2,5%, инфлацијата 3%, со ризик да биде повисока, поради зголемените плати во јавниот сектор и повисокиот минималец . Минусот во државаната каса надмина 5%, а обврската за изградба на автопатите  и повисоките плати на административците прават дополнителни притисоци врз буџетот.

Новите стратешки инвестиции во енергитиката  наметнаа нова давачка , која може да го зголеми фискалниот ризик,  заедно со загарантиираните обврски за купување струја, пишува ММФ. Разочара наплата од ДДВ, приливите од акцизи се помали од планираните,  а трансферите од буџетот поголеми од  плановите. Затоа , според ММФ предизвик за новата Влада ќе биде фискалната консолидација.  Јавниот долг го прекрши воведеното  правило и надмина 62%, од БДП, а има и заостанатите неплатени обврски кои се уште се високи , со ризик уште повеќе да се зголемат. Монетарното затегнување помогна да се задржи нивото на се уште високата инфлација, при намалени увозни ценовни притисоци од храната и енергијата.   Зголемените камати го забавија темпото кај приватниот сектор. Зајакнување на одржливоста, зголемување на продуктивноста и структуните реформи ќе бидат клучни за поголем раст, при зголемена несигурност и ранливост., пишува ММФ. Невработеноста се зголеми , вработеноста стагнира, сиромшатијата се намалува, поради антикрзините мерки и повисоките плати, но со побавно темпо во однос на пред пандемијата.

Напроти негативните ризици, во извештајот е наведено дека напредокот во преговорите со  Унијата можат да го зголемат растот и да го приближат стандарод на ѓраѓаните со онај на Унијата. Препорачуваат, за зголемени приходи во буџетот, во напорите за декарбонизација, да се воведе данок за јаглеродот, односно за загадувачите.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik